Модерното „Македонско девојче“ доби и спот

Деновиве Ви ја пренесовме приказната за раѓањето на најпознатата македонска песна „Македонско девојче“, а по повод 50. роденден на Невенка Томовска Росоманова, нејзиниот сопруг собра одлична екипа и направи реиздание на познатиот евергин. Новата изведба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција на Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски и музички продуцент Будимка Имери.

Песната е во изведба на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, придонесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.