Концерт на Влатко Стефановски во Вашингтон по повод Денот на благодарноста

Мајсторот на гитара синоќа во Вашингтон беше гостин на традиционалниот, 6-ти по ред, настан - „Од македонскиот народ со благодарност до американскиот народ“.

Познатиот гитарист Влатко Стефановски во театарот Гринберг во Вашингтон се претстави со авторска музика. Музиката на популарниот фронтмен на легендарните „Леб и Сол“ ја слушнаа бројни претставници од дипломатскиот кор, од дијаспората, од приватниот сектор, пријатели на Македонија.

Македонија е земја со богато културно богатство и наследство, имаме врвни уметници кои имаат оставено значителен белег, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски, претставувајќи го гостинот.

Ова е веќе шеста година по ред, на ваков начин, да се промовираа македонската култура пред Американците.

Концертот се одржа по повод претстојниот американски празник - Денот на благодарноста.