Кајмакоски победи на „Твоето лице звучи познато“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски победи на српското музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ и доби 25.000 евра како главна награда.  Тој освои најмногу гласови од публиката.

Кајмакоски изјави дека наградата ќе ја донира на самохрана мајка со две деца од Куманово.

„Таа има син и ќерка кои боледуваат од иста болест, а за лечењето им се потребни 100.000 евра“ – изјави тој.