И покрај дождот Сара полета во вселената со својот бенд!

Сара Мејс покрај временските неприлики во Скопје создаде прекрасна атмосфера за сите љубители на музиката. Поради дождот Сара Мејс и нејзиниот бенд акустично го изведоа проектот Флоатинг тхроугх спаце и ја исполнија желбата на сите кои беа на платото на МОБ, дојдени да уживаат во концертот. 

Таа на одличен начин ја истакна нејзината уникатност на плоштадот „Мајка Тереза“, совршено претставувајќи го концептот на најновиот проект Флоатинг тхроугх спаце њитх Сарах Маце. Поради сонот и желбата да ги исполни обожавателите на музиката со пријатни чувства и незаборавни моменти, Сара Мејс ќе одржи уште еден концерт во Скопје Сити мол на 01.10.2017 во 15:00 часот.

Македонската пејачка покрај концертот, вчера го промовираше и новиот албум Флоатинг тхроугх спаце њитх Сарах Маце, кој е авторско дело на Мејс и нејзиниот бенд. Истиот е издаден од страна на Пасворд Продукција.

Проектот во вистинско светло, со целата предвидена сценографија и костимографија ќе може да се доживее во недела на 01.10.2017 во 15:00 часот во Скопје Сити Мол.