ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, 21 издание во 21 век - ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите.

Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува - добра забава! 

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! 

Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!

Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски.

Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари преку mktickets.mk во точно 12.30 часот и во неколку познати продажни места за билети за кои дополнително ќе ве информираме.