Здравко Чолиќ има нов сингл како најава за новиот албум

Текстот и музиката се со потпис на Златан Фазлиќ, аранжманот е на Никша Братош и Дејан Петровиќ, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолиќ ја доверува на Александар Керекеш Кеки.

Најавувајки го петнаесетиот албум во својата кариера, Здравко Чолиќ со голема радост го претстави својот нов сингл “Шљиве су родиле”. Во оваа песна за прв пат соработува со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот Оркестар и како коаранжер на нумерата.

„Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови кои за мене се рокенрол. Рефренот е двојка, за некого е противпожарна , а за некој наш рокенрол“, изјави Чолиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=6rtNX9TxosE