Емотивно музичко патување со Матија Дедиќ и Зоран Предин

За прв пат во Македонија доаѓа двоецот Предин и Дедиќ со нивниот проект “Трагови и сјети”, проект кој веќе ги пропатува речиси сите градови од поранешна Југославија и ги освои симпатиите на публиката и критиката. На 17 и 18 ноември во МНТ македонската публика ќе има можност да ги слушне најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации. “Јесен у мени”, “Галеб и ја”, “Зажмури”, “Магла”, “Ти си ми у крви”, “Васа Ладачки”, “Те ночи кад умрем”, “А сад адио” ….. како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија.

Матија Дедиќ е роден во Загреб во исклучително музичко семејство. Растен со неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак тој започнува да свири клавир уште на 5 годишна возраст а дипломира на џез академијата во Грац, Австрија. Во својата кариера настапувал речиси на сите континенти, со многу исклучителни светски музичари а асоцијацијата на хрватски автори го наградува со титулата “Најдобар автор и најдобро ново име во последните 10 години”. Зоран Предин публиката го памети како фронтмен на култната словенечка група Лачни Франц и неговите големи хитови “Čакај ме”, “Праслован”, “Нај ти полјуб нариšе устнице”, “Не ми дихат за овратник” и многу други.

По 11 години во групата и 16 снимени албуми, тој продолжува со соло кариера и објавува 15 албуми а допплнително работи и музика за ТВ, театар и филм. Овие двајца исклучителни музичари го создаваат проектот “Трагови у сјети” и издаваат два албума за кои хрватската критика ќе напише – “Најголемата вредност на албумите е таа што со песни од различни автори, создадени за различни пеачи во различни временски контексти креира оригинална уметничка нишка, серија на сликички кои имаат смисол и кои налик на филм ја раскажува својата приказна, воздржано, смиренио, сетно и мудро… Вака се прават албуми кои се паметат”. (Зоран Туčкар/Музика.хр) Влезниците за концертите на 17 и 18 ноември во МНТ се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн. Концертите се поддржани од Триглав Осигурување АД Скопје