Дарио го промовираше своојот нов албум

Дарио Панковски вчера го промовираше својот седми студиски албум, „Ако силно посакам“ на кој работеше во изминатите две години.

Покрај албумот, Дарио промовираше и два нови видео спота, еден за преработката на песната „Една гитара“ на доајенот на македонската музика, Јонче Христовски, и видео-записот за темата „Што е мое ќе си дојде“.

На албумот се најдоа десет наслови меѓу кои и „Има еден град“, „Со тебе или без тебе“, „Не ми е страв“, „Скршено огледало“, „Зборови погрешни“, „Трилер“, „Весела песна“ и „Безобразно лажам“ на која му гостуваат момците од „ДНК“.

Музиката и текстот на песните ги направи Дарио, а за аранжманот и продукцијата беше задолжен Кристијан Габровски и Дамир Имери. Како музички соработници на ова издание се јавуваат Дарко Тасев, Владимир Дојчиносвки ,Весна Малинова, Ристо Самарџиев.

Дизајнот на обвивката на цедето го изработи синот на пејачот, Бруно Панковски.