Влатко Стефановски со концертна промоција на „Мајчин јазик“

Во ноември 2017 година, Влатко Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

На 17 март 2018 година, ќе биде организират концерт на кој за првпат пред македонската публика ќе биде претставен албумот „Мајчин јазик“.

Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно-дива Биља Кртсиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.

Во меѓувреме,во Кинотеката на Македонија во февруари ќе почне нов програмски циклус со наслов „Уредник со причина“. Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и секој месец една јавна личност ќе има можност и слобода да биде „филмски уредник“ – да направи свој личен избор на филмови и да ги презентира.

Честа да биде прв „уредник со причина“ му припадна на Влатко Стефановски, еден од најпознатите и најуспешни македонски музичари. Неговиот опус е сестран и освен неговите познати чисто музички самостојни проекти и работата со групата „Леб и сол“, тој автор и на филмска музика.

Оттаму, разбирливо е што неговата селекција се состои од филмови со моќна музичка подлога, како ште се „Париз, Тексас“ - филмска класика од осумдесеттите и „Големата убавина“, еден од најизвиканите и наградувани современи светски филмови. Изненадувањето е „Мирно лето“, филм што по речиси 60 години почнува да стекнува култен статус.