Музички новости

Page: 5

Неполн месец по промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“, поп-пејачката Александра Јанева вчера објави уште една нова песна. „Одговор“ е насловот на новиот сингл кој доби и свој видео запис. Текстот на најновата песна, авторски го потпишува самата Александра, а за музиката таа соработуваше со Тино Стојановски. На нивната соработка пак, во однос на аранжманот, […]

„Спомени“ е новиот сингл, a воедно и најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски. Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара. Автор на музиката е Горан Папаз, а за […]

Во годината кога прославуваат 10 години јубилеј, „Фрајле“ подготвуваат многу изненадувања за своите фанови. Во план им е нов албум, многу концерти, но и интересни соработки. Првата соработка е со хрватската пеачка Вана. Имено, „Фрајле“ и Вана заеднички го обработија хитот на Вана, „Ако је вриједило ишта“. Како звучат овие пет девојки со прекрасни вокали […]

Влатко Лозаноски-Лозано вчеравечер го одржа својот прв голем солистички концерт. Тој пред полната сала докажа дека е достоен за големи настани. Заедно со своите обожаватели ги изведе неговите хитови: Јако јако, Километри, Надеж, Жена како ти, Сонце не ме грее, Мандарина… Како гости на сцената се придружи и дуото “Некс тајм” и со Влатко ја […]

Синоќа во салата Борис Трајковски генијалниот музичар Горан Бреговиќ одржа прекрасен, незаборавен, роденденски концерт. Поранешниот лидер на легендарниот бенд „Бјело дугме” настапи со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби”. На концертот беше промовиран албумот „Три писма из Сарајева”. Публиката два часа уживаше со три фантастични солисти, два оркестра и симфониска атмосфера. Бреговиќ […]

По спотот за песната „Фатаморгана“,Северина го објави вчера и спотот за песната „Попила“, која се наоѓа на нејзиниот нов албум „Хало“. Музиката и текстот се на Душан Бабиќ, за аранжманот беше задолжен Бојан Драгојевиќ, а спотот го режираше видео продукцијата „Љубба“.  

Поп пејачката и виолинистка Андријана Јаневска деновиве се врати од Загреб, Хрватска, каде сними нова песна и видео запис за истата. Имено, станува збор за проект кој веќе бил започнат, со цел проширување на нејзината кариера во регионот, а сега веќе е навистина среќна поради позитивните реакции кои ги добила од соработниците од Хрватска и […]

Гитарскиот виртуоз  Дамјан Пејчиноски, зимава претстојуваше на егзотичните Малдиви, каде што уживањето под жешкото сонце на песочните плажи не би било целосно без добра музика, па одлучи да ни прати топли поздрави со пет музички видеа што ги објавуваше изминативе денови на неговиот канал на Јутјуб. Талентираниот охриѓанец, кој настапува и собира награди ширум целиот свет, […]

Еден од најпознатите охридски музичари, Ѓоко Танески се враќа со нов сингл. Песната која е наречена „Тој што во срце те носи“ е карактеристична поп-рок нумера и продолжување на стилот кој Танески го негува веќе подолг период. Наскоро се очекува да добие и видео запис кој е сниман во Св. Наум и се очекува да […]

На само неколку дена пред големиот концерт, Влатко Лозановски реализираше нова песна и видео-спот, со наслов „Мајко“. Текстот е на Магдалена Цветковска, додека пак автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветковски. Се работи за прекрасна и емотивна балада. Интересна приказна има и спотот, кој го режираше Даниел Јовески, а „мајката“ на пејачот ја глуми […]


[There are no radio stations in the database]