Музички новости

Page: 4

ДУПЕР е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена. Во составот влегуваат тројца млади музичари, Борис Какуринов на гитара и клавијатурa, Илчо Нечовски – вокал и бас гитара и Мартина Баракоска на тапани. „Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеваат да ја пренесат нивната позитивност. […]

Горан Каран овие денови го заврши снимањето на новиот спот за песната „У четири ока“. Оваа песна се наоѓа на новиот студиски албум кој излезе во февруари месец. Песната ја напишал самиот Горан,аранжманот е на Никша Братош,додека за режијата на спотот беше задолжен Жељко Петреш.

Стариот хит, како што вели Рудолфи, напишан е од Инес Прајо,а издаден е на еден од најпродаваните негови албуми „За љубав једене жене“ од 1995 година. Новата верзија на хитот „На бачвама вина“,како и останати негови хитови,веќе ги слушнала домашната публика во Водици,на Хвар и Корчула, а наскоро во латино ритамот ќе може да ужива […]

Тончи Хуљиќ & Мадре Бадесса и Нено Белан засигурно ќе го одбележат 58-то издание на Сплитски фестивал, кој ќе се одржи на 28,29и 30 јуни. Имено,двајцата сплитски кантавтори ги здружија силите во песната „Жај ми је“. Музиката ја потпишува самиот Тончи,а текстот во дијалект е напишан од неговата сопруга Вјекослава.

Големиот хит на Дино Дворник објавен во 1990 година на албумот „Креативни неред“, го потпишуваат како автор на музика Нено Белан и автор на текст Диана Алебиќ. Новиот аранжман е дело на постојаниот соработник на Антонела Доко-Иван Попескиќ.

Легендарниот хрватски музичар Џибони ја преработи песната „Ходај“. Овој пат Џибони ги здружи силите со младите музичари Хојсак и Новосел. Слушнете како звучи „Ходај“ со нивните звуци на тамбура и контрабас.

Петар Ренџов, познатиот џез и блуз-гитарист, веќе некое време го најавува новиот албум “Jazzilka”. Темата „Македонки“,вели,само што ја завршил,и е негова авторска тема,инаку соодветствува на последните случувања во Македонија, односно ги обединува Македонките според нивните доблести и пороци(текстот е инспириран од народна песна). Темата е весела со призвук на ритамот од островите Капо Верде од […]

Промоција на новиот сингл „Ти си таа“ од Гуру Харе и Нокаут на Радио Бубамара Слушнете ја приказната како се создаваше новиот сингл „Ти си таа„ -Понеделник,18 јуни од 14 ч -Бидете со нас!

Најновиот сингл на познатиот саксофонист Горан Папаз „Damian“е посветен на неговиот син. Аранжманот и продукцијата се изработени од страна на македонскиот продуцент, Проф. Гоце Симоноски, а музиката е дело на Папаз. Музичарите за прв пат соработуваа пред 7 години кога го објавија синглот “Разбуди се”, а ова е најава за новиот проект на Папаз кој […]

На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ ни изјавија дека се уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат. На […]


[There are no radio stations in the database]