Brit Awards: Били Ајлиш ги воодушеви присутните со изведбата на „No Time to Die“

Written by on февруари 19, 2020

Талентираната Били Ајлиш, вчеравечер на големиот спектакл Brit Award, за првпат во живо ја изведе нејзината нова песна „No Time to Die“, која ќе биде новата песна во филмот за Џејмс Бонд.

Во придружба на оркестар, со брат ѝ на клавијатури, Били пред многубројната публика беспрекорно ја отпеа„No Time to Die“, на што присутните не можеа да останат рамнодушни.

Музичката сензација Ајлиш, која наполни 18 години во декември, е воедно и најмладата музичарка која досега пеела песна за филм од франшизата за Џејмс Бонд.

А бидејќи освојувањето награди очигледно не е ништо ново за Били Ајлиш, тоа го докажа и на синоќешното доделување на Brit Award – победи во категоријата најдобра интернационална пејачка.


[There are no radio stations in the database]