Автор: Р.Б.

Page: 9

Елена Ристеска сними спот за својата нова песна „Суперстар“, која ја направи во дует со рускиот рапер Кирил. Песната ја напиша Дарко Димитров, а текстот е на Кирил алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј. Ова е втора песна и соработка за Елена оваа година, по дуетот кој го имаше со српската колешка Данијела Кариќ за песната „Срца се погреше“. […]

Неполн месец по промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“, поп-пејачката Александра Јанева вчера објави уште една нова песна. „Одговор“ е насловот на новиот сингл кој доби и свој видео запис. Текстот на најновата песна, авторски го потпишува самата Александра, а за музиката таа соработуваше со Тино Стојановски. На нивната соработка пак, во однос на аранжманот, […]

„Спомени“ е новиот сингл, a воедно и најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски. Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара. Автор на музиката е Горан Папаз, а за […]

Во годината кога прославуваат 10 години јубилеј, „Фрајле“ подготвуваат многу изненадувања за своите фанови. Во план им е нов албум, многу концерти, но и интересни соработки. Првата соработка е со хрватската пеачка Вана. Имено, „Фрајле“ и Вана заеднички го обработија хитот на Вана, „Ако је вриједило ишта“. Како звучат овие пет девојки со прекрасни вокали […]

Влатко Лозаноски-Лозано вчеравечер го одржа својот прв голем солистички концерт. Тој пред полната сала докажа дека е достоен за големи настани. Заедно со своите обожаватели ги изведе неговите хитови: Јако јако, Километри, Надеж, Жена како ти, Сонце не ме грее, Мандарина… Како гости на сцената се придружи и дуото “Некс тајм” и со Влатко ја […]

Синоќа во салата Борис Трајковски генијалниот музичар Горан Бреговиќ одржа прекрасен, незаборавен, роденденски концерт. Поранешниот лидер на легендарниот бенд „Бјело дугме” настапи со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби”. На концертот беше промовиран албумот „Три писма из Сарајева”. Публиката два часа уживаше со три фантастични солисти, два оркестра и симфониска атмосфера. Бреговиќ […]

Националниот тим на Македонија успешно ги започна квалификациите за ЕП 2020, откако вечерва на националната арена „Филип Втори“ остваривме победа со резултат 3:1 над Летонија. Алиоски и два пати Елмас беа стрелци на головите за Македонија, а капитенот Горан Пандев го одигра 100-иот натпревар во дресот на националниот тим. Македонија одлично го почна натпреварот и […]

Пред натпреварот со Летонија, Горан Пандев доби подароци и признанија за големото достигнување во А-тимот од страна на ФФМ и УЕФА. Влезот во “ексклузивниот” клуб 100 му го честитаа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и високиот претставник на УЕФА, Тјери Фавре. Горан Пандев е вториот македонски фудбалер кој успеал да дојде […]

По спотот за песната „Фатаморгана“,Северина го објави вчера и спотот за песната „Попила“, која се наоѓа на нејзиниот нов албум „Хало“. Музиката и текстот се на Душан Бабиќ, за аранжманот беше задолжен Бојан Драгојевиќ, а спотот го режираше видео продукцијата „Љубба“.  

Поп пејачката и виолинистка Андријана Јаневска деновиве се врати од Загреб, Хрватска, каде сними нова песна и видео запис за истата. Имено, станува збор за проект кој веќе бил започнат, со цел проширување на нејзината кариера во регионот, а сега веќе е навистина среќна поради позитивните реакции кои ги добила од соработниците од Хрватска и […]


[There are no radio stations in the database]