Автор: Р.Б.

Page: 8

Светски признатиот виолинист Дејвид Гарет, го објави синглот „Stayin’ Alive“, кој ќе се најде на неговиот претстоен албум наречен „Alive – My Soundtrack“. Новиот албум кој ќе биде објавен на 9 октомври, ќе ги води слушателите на патување низ возбудливиот свет на Холивуд и ќе ги собере на едно место различните интерпретации на Дејвид за песните […]

Актерската легенда, поетот и музичар Раде Шебеџија има нов сингл, насловен „Ето пјесма“, со кој го најавува новиот албум. Песната ја напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус, познат како лидер на „Парни ваљак“, и тоа е првиот службен сингл за кој Хус ги напишал и музиката и текстот и аранжманот. Регионалната премиера на „Ето пјесма“ е закажана […]

„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која всушност е и најава за албумот кој треба да се појави некаде до крајот на годината. – Станува збор за интимна песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина, ….. изјави  Љолес . Музиката и текстот се […]

Македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна. Нејзиниот наслов е „Полна со магија“, а комплетен автор на музиката, аранжманот и текстот е токму Ристо Апостолов. Засега на Јутјуб каналот е пуштен само аудиозаписот, но наскоро можеме да очекуваме и видеоспот.

Mакедонската поп пејачка Сања Лефкова, ги изненади своите фанови со нова песна, која ја испеа на англиски јазик. „Don’t You Get It“, е насловот на новиот сингл, интересно музичко парче, со кое како што објави на својот фб, и се исполнил сонот. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Александар Масевски.

Македонскиот музичар, кралот на трубата Џамбо Агушев, по трет пат стана татко. Тој среќната вест ја сподели со фановите и пријателите на својот Фејсбук профил.

Музичката легенда, Зоран Георгиев, почина во 77-та година од животот во Белград. Тој е еден од пионерите на македонската забавна музика, човек кој направи многу за македонската песна да биде слушната надвор од границите на нашата земја и пејач кој ни подари безвременски хитови. Ќе остане запаметен по неповторливата песна „Еден бакнеж“, која ја изведе […]

Фрајле и младата хрватска поп sвезда Миа Димшиќ ја претставија првата нивна заедничка песна „Gledaj me u oči“. Девојките од бендот, но и младата Миа, се издвојуваат на музичката сцена со својата енергија, разиграност и талент и токму тоа ги прави автентични, па затоа и нивната соработка е вистинско освежување за публиката. Инаку, музиката и […]

Легендарната „Песна за Скопје“ или „Градот убав“ на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова и свежа верзија. Ај Кју и Тони Зен ги споија енергиите, ја преработија оваа песна и со надополнет и изменет текст и во еден сосема нов аранжман и вдахнаа нов живот. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни […]

Интимна и авторефлексивна, таква е најновата песна „Реприза“ на Гуру Харе, 8-ма и последна во новиот албум, снимен со повеќе различни пејачи, меѓу кои се и Аки Рахимовски, Тамара, Дани и др. -Има повеќе пејачи на албумот, но оваа песна одлучив да ја испејам самиот. Уште повеќе бидејќи е интимна, вели Игор Атанасоски, познат како […]


[There are no radio stations in the database]