„ATISARGA“- нов албум на Андријана Јаневска

Written by on јануари 23, 2020

Андријана Јаневска, која многу години е дел од македонската музичка сцена и како прекрасен вокал, но и врвен музичар, имено таа е прва виолина во Македонската опера и балет, со титула доцент, веќе некое време работи на својата меѓународна кариера.

Како резултат на тоа нејзино поврзување со музичари од регионот, последниве денови таа е актуелна со новиот албум „Аtisarga“, снимен во соработка со познат композитор и гитарист од Словенија, а станува збор за Боштјан Лебен.

 

Новиот албум содржи 10 песни, во кои Андријана вели дека внела некоја нова емоција.

Боштјан Лебен е автор на текстовите и аранжманите, а специјален гостин на новиот албум на Андријана е нашиот познат виртуоз на гитара Влатко Стефановски.

Албумот е на англиски јазик, а може да се купи на сите онлајн продажни платформи.


[There are no radio stations in the database]