“Alive – My Soundtrack”, музичко патување низ Холивуд со Дејвид Гарет!

Written by on септември 4, 2020

Светски признатиот виолинист Дејвид Гарет, го објави синглот „Stayin’ Alive“, кој ќе се најде на неговиот претстоен албум наречен „Alive – My Soundtrack“.

Новиот албум кој ќе биде објавен на 9 октомври, ќе ги води слушателите на патување низ возбудливиот свет на Холивуд и ќе ги собере на едно место различните интерпретации на Дејвид за песните што се најдоа во популарните филмови и серии.

Изданието ќе биде достапно како стандардно ЦД со 16 песни и како 2ЦД луксузно издание со 24 песни.

Инаку, славниот виолинист кој е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време, харизматичен како рок-ѕвезда и со вродена виртуозност, го нарекуваат и “ѓаволски виолинист”, а македонската публика уживаше во неговите изведби на рок хитови како што се “Purple Rain” или “Smells Like Teen Spirit”, неговите верзии на песни како ” Nothing Else Matters ” и “November Rain” итн, минатиот септември на концертот во Скопје, кој беше дел светската турнеја на Герет, со која ја прослави 10 годишнината од неговите crossover изведби.

 


[There are no radio stations in the database]