Акција-Радио Бубамара и оџачарите оваа недела ви носат среќа!

Written by on септември 26, 2018

Оџачарите во нашиот град се редок ендемски вид – ги има вкупно 8 за 50.000 скопски оџаци. За наша среќа денеска се повторно во нашата населба и како супер sвезди одат од куќа до куќа – брзо и чисто ја завршуваат работата и се многу поефикасни и покорисни од 300 политичари и инспекции кои по цел ден се грижат за чист воздух, заштита на шумите и градското зеленило.


Ако се греете на нафта, дрва, јаглен…јавете им се ( „Ѓуро оџаци“-телефон:070252482‬ или во Град Скопје) , ќе трошите помалку, ќе ве заштитат од пожар и ќе го намалите загадувањето на воздухот, а ако се распрашате подобро може и да најдете начин да добиете субвенција.

-Радио Бубамара и оџачарите ви носат среќа!!!


[There are no radio stations in the database]