Спектакуларен концерт на Лозано

Written by on март 24, 2019

Влатко Лозаноски-Лозано вчеравечер го одржа својот прв голем солистички концерт.

Тој пред полната сала докажа дека е достоен за големи настани.

Заедно со своите обожаватели ги изведе неговите хитови: Јако јако, Километри, Надеж, Жена како ти, Сонце не ме грее, Мандарина…

Како гости на сцената се придружи и дуото “Некс тајм” и со Влатко ја отпеаја “Ја излези Ѓурѓо”.

Во публиката беа и познати пејачи од нашата естрада.

Концертот кој траеше повеќе од два часа беше вистинско уживање, а Лозано потврди дека е еден од македонските најдобри машки изведувачи.


[There are no radio stations in the database]