🤙ЈАВИ МИ🤙-нов сингл и анимирана видео приказна на ДНК!

Written by on мај 16, 2020

Панчо и Андреј од дуото „ДНК“ објавија нова песна и интересно анимирано видео за истата.

Песната е со наслов „Јави ми“, а спотот е комична приказна со која се доловува зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и прилично несекојдневно издание.

Воедно е и еден вид респект за секој поединечно, а кој е дел од проектот.

Анимацијата, односно видеото е комплетно авторско дело на Никола Димов -Nikola’s Art House (2020).

„Јави ми“, веќе очекувано е на проверениот авторски тандем – Лазар Цветкоски и Панчо. Музиката е нивно заедничко дело, текстот е на Панчо, додека аранжманот е на Лазар.


[There are no radio stations in the database]