Џенет Џексон ја објави латино-верзијата на „Made For Now“

Written by on декември 6, 2018

Џенет Џексон на синглот „Made For Now“ соработува со Деди Јенки, кој заедно со Луис Фонси го направија мегахитот„Деспасито“,песна со најмногу прегледи во историјата на Јутјуб.

 Од објавувањето во август годинава, песната се најде на бројни топ-листи ширум светот, собра над 12 милиони преслушувања на Спотифај, а видеото преку 50 милиони прегледи на Јутјуб.

За уште повеќе да допре до својата интернационална публика, особено од земјите од шпанското говорно подрачје, Џенет сега ја објави и латино-верзијата на „Made For Now“, во која запеа и на шпански јазик.


[There are no radio stations in the database]