Џастин Бибер и Аријана Гранде со заедничка песна „Stuck with U“

Written by on мај 11, 2020

„Сакам да видам како сите се забавувате за време на карантинот. Ова е матурска песна за сите кои во моментов не можат да одат на матура“ – ова го напиша Џастин Бибер, а се однесува на новата заедничка песна со Аријана Гранде насловена „ Stuck with U“.

За новиот сингл е објавено интересно видео кое е спој од снимки од бројни нивни обожаватели кои танцуваат, други држат знаци со кои им се заблагодаруваат на медицинските лица,и славни парови кои се „заглавени“ дома со најблиските поради коронавирусот.

Приходот од песната ќе оди во фондација која обезбедува грантови и стипендии за деца на здравствени работници.


[There are no radio stations in the database]