Џамбо Агушев со новиот албум на врвот на светските топ-листи!

Written by on мај 30, 2020

Поради пандемијата на коронавирусот периодов, се одложи веќе закажаната промоција на новиот албум на Џамбо Агушев и неговиот оркестар , но тоа не беше пречка, последниот албум, „Brasses For the Masses“, кој излезе неодамна, да не се најде на врвот на светските топ-листи.

Неодамна, албумот беше прогласен и за најдобар на светот, од британското списание „Сонглајнс“, а меѓу другото, ова списание пишува: „Иднината на балканските дувачки оркестри е во сигурните раце на македонскиот трубач Џамбо Агушев и на неговиот оркестар…“

Новиот албум, кој ги содржи песните: „Macedonian Nightcrawler“, „Shukri Dvojka“, „Taksim Dream“, „Road to East“ и други, го следи трендот на музиката во светот и затоа е всушност спој помеѓу балканската музика и други светски стилови, како што се фанк, ска, џез, блуз,….

Џамбо Агушев е задоволен од соработката и со неговиот менаџер од Србија и продуцент Хенри Њуман, кој е сопственик на издавачката кука „Асфалт танго“ од Германија, кој се погрижи за извонредниот звук на албумот и е негов продуцент, а воедно тој ја дал и идејата за насловот на овој носач на звук.

Во продолжение слушнете нов Jstar remix на насловната нумера на албумот „Brasses For the Masses“


[There are no radio stations in the database]