Њујорк: застана градот што никогаш не спие

Written by on март 26, 2020

 

Новата зона на висок корона-ризик е Њујорк. Околу 60 % од новопотврдените заболени во САД се од овој град. Со 285 смртни случаи и повеќе од 30 илјади заболени, Њујорк и неговата околина се епицентар на американскиот дел од епидемијата.

Потпретседателот Мајк Пенс ги советуваше сите кои престојувале во Њујорк во последниов период да се стават во 14-дневен карантин. А градските власти ги засилуваат рестрикциите на јавните собири и на движењето за да го успорат проширувањето на вирусот.

Експертите сметаат дека причината за ваквиот висок процент на заболени едноставно е згуснатоста на градот и дека најважната лекција на која треба да научи њујоршкото искуство е препораките да се примат сериозно. Што би рекол за запреното време на Њујорк вечниот Синатра, кој ја отпеа химната за градот кој никогаш не спие?

 

 


[There are no radio stations in the database]