„Љубојна“ во возобновување на уште една божикна песна

Written by on декември 12, 2019

„Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божикна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови.

Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на група Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, како вистински чувари на нашата традиција.

„За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божик. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“, вели Вера Милошевска – „Љубојна“.

Инаку, веќе пишувавме дека „Љубојна” најави и акустичен концерт. За прв пат македонската јавност, ќе може да ужива во ваквата изведба на преубавите песни, на 22 декември, во НОБ, во 19,30 часот и тоа ќе биде уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.

Во меѓувреме Љубојна на нивниот фб профил најавија и предновогодишни концерти во Хрватска.

„Драга публико доаѓаме во Хрватска 😃
Со огромна радост и љубов ви ги најавуваме нашите концерти во Загреб 19.12 и Ријека 20.12. Нашата предконцертна промотивна турнеја се ближи 😄 време е #СевдоЛе да прошета 🎶🎶🎶
Се гледаме на концерт! Конечно заедно на музика“


[There are no radio stations in the database]