„Љуби, љуби“ е новиот сингл на Владо Јаневски!
Written by Р.Б. on ноември 27, 2020
Популарниот пејач Владо Јаневски или како што публиката милува да го каже – чаирскиот романтичар, денес 27 ноември, на денот кога го слави својот роденден, го објави и новиот сингл „Љуби, љуби“.
Новио хит кој излезе под капата на „Кроација рекордс“, е во брз денс ритам, автор на музиката и текстот е самиот Јаневски, а за аранжманот беше задолжен Борис Џурџевиќ од групата Колонија.