Јелена Розга со нова моќна балада!

Written by on февруари 1, 2020

Прекрасната Јелена Розга, минатата недела ја претстави новата песна „Свето писмо“и видео записот за истата, на нејзиниот YouTubе канал.

 

„Оваа песна е моќна и нè тера да размислуваме сите, и го наметнува прашањето што и самата си го поставувам, дали е љубовта навистина доволна за една врска да опстои и да ги преживее сите несогласувања?“, изјави Јелена Розга.

Инаку, новата љубовна балада ја напишаа Тончи и Вјекослава Хуљиќ, а видеото е снимено во прекрасниот Дубровник, чии sидини и плоштади се самите посебе импресивни.

 

Видеото е режирано од долгогодишниот соработник на Јелена, Дарио Радусин.

 


[There are no radio stations in the database]