Јелена Розга со нова балада

Written by on јануари 30, 2019

Хрватската пејачка Јелена Розга, вчера, вторник, 29-ти јануари 2019,  премиерно ја претстави песната и видеото за нејзината најнова балада насловена „Мојата пролет“.

Розга за прв пат соработува со сосема нова екипа, во која покрај популарната Емина јаховиќ, која ги потпишува музиката и стиховите на песната, се појавуваат и нашиот Дарко Димитров кој го работеше аранжманот и мастерингот на песната, додека придружните вокали во неа ги пее нашата Антонија Гиговска.

За едноставниот, но мошне ефектен видеоспот и овој пат се погрижил нејзиниот стар соработник со својата екипа, режисерот Дарио Радушин.


[There are no radio stations in the database]