Јаја за „Ни треба досада“: Ова е реакција на секојдневните сензации

Written by on февруари 8, 2021

Песната „Ни треба досада“ на Јадранка Иваниш Јаја, пејачката на „Jinx“, и групата „Изгубен викенд“ е апел за досада во ова време, пренапрегнато од секојдневни сензации, информации и нотификации. Песната, придружена со видео-спот, ја напиша Јосип Радиќ , кој здружи и неколку музичари под името „Изгубен викенд“.

-Песната ја снимивме за време на првиот локдаун, што беше прилично депресивно време, бидејќи концертите веќе не беа дозволени, музичарите се повлекоа во своите студија. Интересно е да се запознаат нови луѓе и да се види што работат, а често кога имам прилика – прифаќам соработка, ако ми се допадне песната – вели Јаја.

 

Јосип Радиќ вели дека песната е повик за одмор од најнови вести, сеизмички активности, лајв стриминг концерти и неурамнотежена исхрана.

-Соработаката со Јаја за мене е како да играм кошарка со Мајкл Џордан. Единствено таа можеше да ја отпее оваа песна, инаку веројатно никогаш не ќе ја слушневте – вели Јосип Радиќ.

Од денес, “Ни треба досада“ ја слушате како хит на неделата на Бубамара радио.


[There are no radio stations in the database]