Јапонците и покрај поразот, повторно го чистеа ѓубрето од стадионот

Written by on јули 3, 2018

Јапонските навивачи беа многу разочарани по поразот на својата репрезентација од Белгија од 3-2 на Светското првенство.

„Самураите“ имаа водство од 2-0, но „ѓаволите“ со пресврт во последните 20 минути дојдоа до победата.

По завршување на натпреварот многумина од Јапонците почнаа да плачат, но откако се смирија и се вратија на традицијата да ги чистат трибините на стадионот во Ростов.

Високото ниво на култура го покажаа и фудбалерите на јапонската репрезентација кои не само што ја исчистија соблекувалната, туку им оставија порака на домаќините кои останаа изненадени.


[There are no radio stations in the database]