Јапонската репрезентација си ја исчисти и соблекувалната-секоја чест!

Written by on јули 4, 2018

Јапонците убедливо го одбележаа ова Светско Првенство кое се одржува во Русија.

Откако со денови ги гледавме јапонските навивачи кои по мечевите го чистеа ѓубрето од стадионот, овој пат и јапонската репрезентација привлече внимание.

Иако доживеаја болен пораз од Белгија во 94. минута, а претходно имаа водство и од 2-0, фудбалерите на Јапонија си ја исчистија соблекувалната пред да излезат од неа и оставија порака на руски „Спасибо“, што значи благодарам .


Но, се прашувате ли што е тоа што ги тера Јапонците да го собираат ѓубрето зад себе.


Одговорот лежи во 1990 година. Дотогаш ѓубрето било најголем проблем во земјата и на почетокот од последната деценија на минатиот век, Јапонија била на прагот на еколошка катастрофа. Биле потребни итни мерки и одговорните ги нашле.

Јапонија е земја со површина од речиси 378 илјади квадратни километри и население од над 127 милиони жители. Секој Јапонец зад себе остава по речиси килограм ѓубре. Во 1990 година почнала политика на негово собирање и жителите го собираат, сортираат и го даваат на обработка. Отпадоците се делат на две категории: запалливи и незапалливи.

Преработените материјали се користат ново производство, на пример од пластичните шишиња се прават гаќи, канцелариски материјали, мебел и слично, а истото важи и за другите работи.

Луѓето кои го оставаат ѓубрето зад себе во парковите, плоштадите, спортските сали, реките и слично се казнувани. Во овие речиси три децении овие мерки толку вродиле со плод што Јапонците каде и да одат исто се однесуваат.


[There are no radio stations in the database]