Јаков Дренковски ја распеа Матка

Written by on јули 19, 2018

Следната недела, по Матка и Водно, акцијата „За чисти и зелени планини и езера“ продолжува во Крушево, каде во предилинденско расположение, по шумските патеки ќе се собира лесен отпад и ќе се исчистат помалите депонии со пoддршка од домашните музички звезди.

Летниот семестар од акцијата започна на 12 јули на Матка. Во оваа акција, заедно со планинарскиот клуб Вацек Клуб, учествуваше и планинарката Наташа Костовска,  која летово го освои Мон Блан, професионалните нуркачи од клубот „Врело“ и музичката ѕвезда Јаков Дренковски, со кого на Матка ја распееавме природата и ја отворивме акцијата „За чисти и зелени планини и езера“.

Акцијата продолжи на Водно, а сега се сели во Крушево.

Нејзината основна цел е да ги поттикне посетителите на природата да ги одржуваат  планините чисти – и по нивната посета.

Кога се движат во природа излетниците се мотивираат ѓубрето што го создаваат да не го оставаат зад себе, туку да го вратат во ранец до првото означено место за негово депонирање. Идејата е оваа практика, која планинарите добро ја знаат, да ја пренесеме и на другите посетители, кои сега започнувааат да се дружат со природата за да стекнат позитивни навики и да се поттикнат да не го остават својот отпад и да го собираат туѓиот ситен отпад по тешко достапните патеки, каде вработените од комуналните служби не можат да пристапат.

 

Организатори на акцијата се Прима центар и Радио Буба мара, а акцијата е поддржана од „Цивитас мобилитас“.

Што е основната идеја на акцијата?

 

-собирање пластичен и друг ситен отпад по тешко достапните планински патеки

-едукација на новите посетители на планината – сочувајте го своето ѓубре во ранец до првото означено место за негово депонирање

-практикувајте ги правилата на елементарната еколошка култура кога престојувате во природа

-поттикнете ги локалните власти за преземање акција за чистење и на дивите градежни депонии кои со децении ја нарушуваат рамнотежата на планините

Проектот го реализираа Прима центар и Радио Бубамара, а е помогнат од Град Скопје, Цивика Мобилитас и Пакомак.


[There are no radio stations in the database]