„Јака“-заеднички сингл на Зденка Ковачичек и Давор Гобац!
Written by Р.Б. on јануари 22, 2021
Зденка Ковачичек и Давор Гобац објавија заедничка песна насловена „Јака“, за која снимија и интересен видео запис, за кој беше задолжен ражисерот Хрвоје Залукар 69.
Песната е посветена на сите храбри жени кои бестрашно чекорат низ животот и е всушност шести сингл од претстојниот албум на хрватската кралица на блуз и џез сцената – „Констатација једне мачке“.
– „Мислам дека Давор Гобац е вистинскиот избор за песната „Јака“. Благодарение на неговота инерпретација, ќе поверувате во секој збор и секој стих, упатен до мене во овој случај, и сигурна сум дека во нив ќе се препознаат многу женски души“ -изјави Зденка Ковачичек за новиот сингл.
Музиката е на Марко Томасовиќ, текстот го напиша Даниела Боровњак, додека зад аранжманот стои Хрвоје Грчевиќ.