“Јаболки и круши за уметнички души”- акустичен концерт на Мијата

Written by on ноември 27, 2018

На 30-ти ноември (петок) од 20 чаот, во Камерната Сала на Македонската Филхармонија, Мијата ќе одржи акустичен кабаре концерт под наслов “Јаболки и круши за уметнички души”.

Овој концерт е симбиоза на музика и театар и ќе ги исполни сите сетила на публиката, а ја издвојува Мијата како мултиталентиран артист која успева да раскаже приказна сублимирана од нејзините авторски песни: “Домаќинска”, “Еден ден”, “Верувам во себе”… и други, публиката ќе ги доживее одново и на многу поинтимен начин .

Во кабарето учествуваат: Мијата (вокал), Мето Јанакиевски (пантомима и физички театар), Ајхан Куртов (пијано), Кирил Туфекчиевски(контрабас), Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии), Ангела Здравковска (придружен вокал), Јелена Мијатовиќ (рецитации) Војо Цветановски (режија), Тања Рибарска (инспициент), Фросе Левковска (фото).


[There are no radio stations in the database]