Шумски свирачи –  Зелена роденденска забава со Радио Бубамара

Written by on мај 14, 2018

Пеперминт, Синтезис,  Гуру Харе,  Пепи Ренџов, Владимир Мартиновски, Принц, Џокси, маестро Мишел Трајковски –  во длабоките сенки на парк шумата , пееја, свиреа и се веселеа  со планинарите – под мотото – Да ја распееме природата!

Во акцијата за чистење на планинарските патеки се вклучија извидници од одредите „Јадран“ и ПСИО, екологисти и планинари и сите кои ги препознаваат вредноста и значењето на Водно за Скопје.

На Водно не му треба нова градежна офанзива, не му требаат секири и моторни пили, напротив – Водно ни треба на сите нас како зелена, чиста и распеана планина. Акцијата ќе продолжи и наредната недела со доброволно собирање на пластичен отпад по шумските патеки на Водно од страна на планинарите.


[There are no radio stations in the database]