„Што би било„- новиот сингл на Теа

Written by on декември 13, 2019

По подолга пауза, пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со нова песна насловена „Што би било“.


Автор на текстот е самата Теа, додека пак на музиката и аранжманот и овојпат се потпишува најдобриот хит-мејкер во земјава, Лазар Цветковски.

За новиот сингл Теа изјави : -„Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика.“

Инаку, за оваа нова песна таа сними и прекрасен видеоспот и тоа во преубавата Анталија, Турција, а режисер на видеото е Даниел Јовески .


[There are no radio stations in the database]