Штип подготвен за Макфест 2019

Written by on октомври 10, 2019

Од денес, па во наредните три дена, 10, 11 и 12 октормври, центарот на сите случувања ќе биде градот Штип. Имено, во Ценатарот за култура „Ацо Шопов“ ќе се одржи 34 – тото издание на Фестивалот за музика „Макфест“, на кој ќе се изведат 30 композиции. Во финалето ќе влезат 20 композиции, а организаторорите посочија дека можеби ќе има простор за уште две композиции.

На првата полуфинална веќер ќе настапат: Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“, Мартина со „Зрак“, Трајче Георгиев „Си одиш ти“, Марија Груевска,  Акустик Дивижн „Магија“, Ивана Бизо „Знам“, Мина Блажев „Не можам без тебе“, Виктор Апостоловски „Оди си“, Александар Митевски и Драган Спасов Дац „Уште ми фалиш“, Огнен Здравковски и Зоран Џорлев „Светот нека застане“, Игор Узунов „Ранет херој“, Здравка Мирчевска „Нема утре“, Мартија Станојковиќ „Возбуда и љубов“, Наташа Малинкова „Што ли да направам“ и Кентаур „Допир нежен и мил“.
На втората, пак, ќе настапат: Даниел Дан – „Завртив круг“, Филип Јордановски и Емилија Гиевска – „Вечно заедно“, Елена Наумова – „Крај“, Дексо&Принц – „Фанк“, Симона Поповска – „Љуби ме“, Фрајле – „Не и признавај“, група Екстраваганса – „Како странец“ , Елена Петреска – „Без дилема“, Лара – „Кој те учи така“, Росана Сариќ Тодоровска – „Спомени“, Јасмин Лопез – „Врела крв кубанска“, Коки и тајфата – „Бела ајта“, Барбара – „Во срцето“, Игор Шарески – „Без тебе“ и Славица Ангелова – „Љубовта не боли“.

Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а истиот е поддржан од Министертсвото за култура со еден милион денари. За преносот и годинава е задолжена МРТВ, а фестивалот ќе се одржи во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип.


[There are no radio stations in the database]