Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, дебитира како пејач на новиот албум на Кристина Агилера.

Written by on јуни 30, 2018

Дуетот на Агилера и Хамилтон е насловен „Пајп“ и е дел од осмиот албум на пејачката, „Ослободување“. Триесет и тригодишниот Хамилтон се појавува под псевдонимот ХНДА, а тој, исто така, го напишал текстот на песната.
Има шпекулации дека Хамилтон претходно соработувал со Џеј Зи и Канје Вест, но ова е првпат публиката да го слушне неговиот глас.
Синглот е носечки на новиот албум на Кристина Агилера, нејзин прв по пауза од 6 години. Исто така, пејачката беше гостинка на Хамилтон во Баку годинава.


[There are no radio stations in the database]