Цреши охридски и боеми скопски

Written by on август 15, 2020

Без правилата од протоколот за неризично посетување концерти, Александар Митевски Драган Спасов Дац несомнено ќе го исполнеа охридскиот Антички театар – до последното место.

Нивниот синоќешен концерт, носталгичен и романтичен, покажа дека се одлични шоумени, кои умеат да создадат добро расположение – дури и на отворената сцена на Антички театар, базично наменета за големи концерти.

Александар и Дац започнаа да пејат заедно крајно непретенциозно, од пуст мерак и на препорака од пријатели, а за нешто повеќе од една година веќе имаат неколку фестивалски награди и респектирачки репертоар за целовечерен концерт. Концертот во Охрид не беше нивен прв целовечерен концерт,  но сигурно беше најамбициозен десега. И досега ова боемско дуо има одржано бројни концерти, но повеќе камерни. Синоќешниот концерт на Антички театар во Охрид покажа сека одлично звучат и умеет да го постигнат истиот ефект на блискост со публиката и на голема и отворена сцена.

 

Одржан според сите протоколи за заштита и според сите критериуми за добро расположение, емотивен и романтичен, концертот на Александар и Доц ги донесе сите нивни препеви на познати евергрини, но и бројните авторски песни кои ги создадоа во меѓувреме – со многу љубов, искреност, боемштина, патина и  –  хумор.

Фото: Ѓоле Наумовски


[There are no radio stations in the database]