Хрватска се избори за историско финале на СП!

Written by on јули 12, 2018

Фудбалската селекција на Хрватска е вториот финалист на Светското првенство во Русија, откако во полуфиналето на „Лужњики“ во Москва со 2-1 (1-1 во регуларниот дел) по дополнителните 30 минути славеше над репрезентацијата на Англија. За „коцкестите“ ова е прво финале во историјата, а досега најголем успех им беше полуфиналето на СП 1998 година, кога беа елиминирани од домаќинот, а подоцна шампионот Франција (2-1).
Во големото финале, кое исто така ќе се игра на „Лужњики“ в недела со почеток од 17.00 часот Хрватска за противник ќе ја има Франција. Еден ден претходно Белгија и Англија во Санкт Петербург ќе водат битка за третото место.
А еден од коментаторите кои го одбележаа Светското првенство во Русија е секако Драго Чосиќ од ХРТ.
Тој имаше свое шоу и на дуелот против Англија. На себе својствен начин го проследи голот на Манџукиќ кој Хрватска ја одведе во големото финале на Мундијалот на мегдан на Франција.


[There are no radio stations in the database]