Херојски подвиг-12 годишниот Марко го преплива Охридско Езеро

Written by on август 29, 2018

Голем подвиг направи 12 годишниот Марко Пејчиновски кој вчера за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро. Малиот Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина ако се знае дека момчето има преживеано инфаркт на долните екстремитети.
Марко кај пристаништето пристигна свеж и веднаш падна во прегратка на татко му. Во негова близина беа претставници на Црвен крст кои го следеа Марко на оваа негова голема одисеја.
„Бев уверен дека ќе успеам. Го одбрав токму овој ден, Успение на Пресвета Богородица. Кога стигнав на градското пристаниште знаев дека ја остварив мојата голема желба”, кажа Марко кога стапна брегот.
И познати лекари се воодушевени од волјата на 12-годишникот со таква здравствена дијагноза да го преплива Езерото.
„Во текот на пливањето Марко Пејчиновски немаше никакви здравствени кризи. Тоа е долга патека и можни се такви појави. Но сè помина во најдобар ред, еројски подвигкажа Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид.


[There are no radio stations in the database]