„Фрајле“ со нов сингл во пресрет на „ЦМЦ“ фестивалот

Written by on мај 27, 2019

Четирите дами, Марија , Наташа , Јелена и Невена или добро познатите „Фрајле“, годинава одбележуваат десет години заедничка работа, а по тој повод го подготвуваат својот петти студиски албум што ќе излезе на почетокот на јуни.

Изданието симболично го носи насловот „Обрадуј ме“, бидејќи на него ќе се најдат преработки на стари хитови кои пејачките ги отпеаја со оригиналниот изведувач.

Во меѓувреме,  „Фрајле“ го претставија спотот за песната „Злато“, со која ќе настапат на претстојниот фестивал „ЦМЦ“ во Водице.

Станува збор за авторско дело на композиторот Анте Пецотиќ, кој беше задолжен и за текстот заедно со фрајла Јела , а видеото, за кое многумина велат дека е мини-филм во холивудски стил, го потпишуваат Сандра Михаљевиќ и Игор Ивановиќ.


[There are no radio stations in the database]