Фрајле и Вана-проверен хит на нов начин

Written by on март 26, 2019

Во годината кога прославуваат 10 години јубилеј, „Фрајле“ подготвуваат многу изненадувања за своите фанови.

Во план им е нов албум, многу концерти, но и интересни соработки.

Првата соработка е со хрватската пеачка Вана. Имено, „Фрајле“ и Вана заеднички го обработија хитот на Вана, „Ако је вриједило ишта“.

Како звучат овие пет девојки со прекрасни вокали и енергии споени во еден сингл, навистина вреди да се слушне.


[There are no radio stations in the database]