Филмската екипа на „Медена земја“ во Холивуд!

Written by on јануари 28, 2020

92-та церемонија на доделувањето на Академските награди, престижните Оскари за најдобрите филмови од 2019 година, ќе биде одржана во театарот Долби во Холивуд, на 9 февруари, а филмската екипа на „Медена земја“ веќе почна да ги чувствува sвездените мигови.

Имено, Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Самир Љума, Фејми Даут и Атанас Георгиев, објавија фотографии на кои се фотографирани со познатите Бред Пит, Роберт Де Ниро, Леонардо Ди Каприо, Ал Пачино,…и други познати актери,режисери и филмски работници од целиот свет, кои се во исчекување на овогодинешниот Оскар.

 

На фотографиите ја нема Атиџе, која најверојатно во првите денови на февруари ќе им се придружи на оскаровските дружби.

„Да појаснам. Не стоев јас до него… Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“.

Со овие зборови режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ ги сподели фотографиите на кои стои до холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо

Нашите „Медењаци“ се подготвени да прошетаат на црвениот килим на овој престижен настан, а ние им посакуваме среќа и успех!!!


[There are no radio stations in the database]