Филмот „Исцелител“ собра околу 6 илјади посетители

Written by on јуни 7, 2018

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески вчеравечер се прикажуваше на отворено во Градскиот парк во Скопје. На настанот се собраа околу 6 илјади посетители кои го проследија филмот, а дел од нив го гледаат и по неколку пати. Тоа покажува дека филмот кој и во светски рамки привлече внимание, кај нас сè уште останува популарен.

„Исцелител“ е прв долгометражен филм на Ставрески и е изработен во копродукција со Грција со финансиска поддршка од Грчкиот филмски центар. Филмот досега има собрано повеќе меѓународни награди, како и блескави рецензии објавени во специјализирани филмски магазини.

Главните улоги ги толкуваат актерите Благој Веселинов како Веле и Анастас Тановски кој го игра таткото Саздо. Во останатите улоги се и Аксел Мехмет, Горан Трифуновски – Пајак, Горан Стојаноски, Катарина Илиевска, Александар Микиќ, Диме Илиев и други.

Настанот насловен како „Кино на отворено“ беше организиран од Кино Милениум, Град Скопје и Македонската филхармонија. Вечерва во рамките на истата организација во Градскиот парк ќе се одржи концерт на Феми Кути кој ќе настапи со неговиот бенд Позитив форс“ и оркестарот на Македонската филхармонија.


Current track
TITLE
ARTIST