Фанк Шуи со нов сингл!

Written by on октомври 27, 2020

Бендот „Фанк Шуи“ промовираше нова песна.

„Ветер“ е насловот на новиот сингл, на кој самите членови на бендот се автори на музиката и текстот, а аранжманот е на Бен Милчев.

На фб за песната напишаа:

Со надеж дека е свеж,
Со надеж дека ќе го оддува загадувањето,
Љубов,
Чувајте се
Шуи.
Скопје виа Сарајево

Летово работеа на спотот, сниман е на неколку локации низ Македонија, а во него се појавуваат актерката Нина Елзесер, која ја гледавме во спотот за песната „Виулица“, како и кучето Беки, кое го гледаме и во спотот за „Крик“.


[There are no radio stations in the database]