Уште една необјавена песна на Влатко Илиевски – „Со тебе најдов среќа“

Written by on февруари 8, 2021

На иницијатива на таткото на Влатко Илиевски, Драган Илиевски – Вршац, на 7 февруари, беше промовирана досега необјавена песна, „Со тебе најдов среќа“, во изведба на нашиот млад рокер, кој почина на 6-ти јули 2018-та, на само 33-годишна возраст.

 

Песната е дело на Кристијан Габровски и е всушност најава за албумот со необјавени песни на Влатко Илиевски, кој наскоро ќе биде промовиран.

Новиот сингл е пропратен и со видео запис, монтиран од Дејан Таневски, а беше објавен на Фејсбук Фан страната на Влатко.

 


[There are no radio stations in the database]