Три нови песни од Дуке Бојаџиев и Начо Аримани

Written by on декември 19, 2018

Дуке Бојаџиев деновиве објави уште три нови песни, снимени во соработка со шпанскиот фламенко-перкусионист и мултиинструменталист Начо Аримани.

Станува збор за макси-синглот „Divina“, кој освен насловната тема ги содржи и песните „Kalyani“ и „Mariposas“, која е, всушност, шпанска верзија на „Љубов“ од минатогодишното издание „Сон, верба, љубов“.

Новите песни се достапни на сервисите „Саундклауд“, „Спотифај“ и „Ајтјунс“ и можете да ги слушнете на следниот ЛИНК.


[There are no radio stations in the database]