Трета песна на електро составот Шафран

Written by on ноември 14, 2019

Новиот електро состав Шафран ја издаде својата трета песна под наслов “Дафино” која има модерен призвук и мешавина од електронски етно звук. За музиката се погрижи Тони Стевковски, а за текстот е задолжен Кирил Трајковски. Наскоро се очекува Шафран да презентира нови нумери за комплетирање на првиот албум.

Оваа песна има и видео запис во режија на Исток Чаповски и продукција на Марјан Тасевски. Главната улога во спотот ја толкува Росица Кулакова, а за вокалот се погрижи Христина Пецовска.

Се надеваме ќе уживате во новиот видео запис на Шафран.


[There are no radio stations in the database]