Награда за животно дело – Григор Копров

Written by on февруари 25, 2019

Песните на Копров, со силна поддршка од публиката, на сцената заеднички ги пејат: Антонија Гиговска, Ѓоко Таневски, Маја Саздановска и Александар Тарабунов. Заедно со нив пејат и 6500 посетители во публиката, а  омилените ноти на „Многу дни пребродивме ние“ на Сенка и Зафир, „Сонце во твоите руси коси“, „Немир“ и „Твоите бакнежи“ на Тоше Проески, „Сребрени улици“ на Маја Оџаклиевска и многу други оддекнуваат низ ВИП-арената.

За сите песни и за сите мераци, истерани додека се пееле неговите песни, Копров ја заслужи оваа награда низ децениите со продукција на бројни хитови во забавната и во народната музика.

Амбиентот дополнително се загрева со безвремената балада „Црно тикевешко“, за која текстот го напиша и ја отпеа Владо Јаневски, а музиката ја компонираше Копров.


[There are no radio stations in the database]