Традиционално и оваа година Државниот балет на мраз од Санкт Петербург во Скопје!

Written by on септември 24, 2018

На 1. декември, на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Заспаната Убавица“ од Петар И. Чајковски.

Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Државниот балет на мраз за прв пат гостуваше пред две години со изведба на познатото балетско ремек-дело „Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика.

Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации.

Минатата година со истиот интензитет на интерес кај македонската публика, беше изведена „Оревокршачка” на мраз.


[There are no radio stations in the database]